• вторник, 02 јули 2024

Авионско прскање против комарци утре во Делчево

Авионско прскање против комарци утре во Делчево

Делчево, 1 јули 2024 (МИА) - Општина Делчево ги известува граѓаните дека утре, во раните утрински часови,  ќе  изврши авионско прскање против комарци на територијата на општината. 

Оваа мерка е предвидена во годишната Програма на општина Делчево за заштита на населението од заразни и други заболувања, а ќе ја спроведе овластена фирма „БОНИЕР“ од Куманово, во соработка со вработени во Одделението за инспекциски надзор при Општината. 

-Оваа мерка ќе се спроведе во следните предвидени атари: Река Брегалница со притоките – Езеро мотел,,Кула,, – Река Габровчица – Звегорска река – Чаршиски, Пустевски, Манастирски ендек и Грозданец – село Вирче, информираа од Општина Делчево.

Оттаму апелираат до пчеларите да ги заштитат своите пчелни семејства од евентуалните последици од дезинсекцијата. 

-Доколку временските услови не дозволат да се изврши прскањето, истото ќе биде спроведено во првата поволна прилика, за кое нешто ќе следи дополнително известување, информираат од Општината.

Авионското прскање против комарци ќе се спроведе во периодот од 05:00 до 08:00 часот наутро. вс/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан