• понеделник, 01 јули 2024

Дебарските комуналци извршија темелно чистење на центарот на градот и шеталиштето

Дебарските комуналци извршија темелно чистење на центарот на градот и шеталиштето
Дебар, 25 јануари 2021 (МИА) - По подобрување на временските услови вработените на Јавното комунално претпријатие „Стандрад“ извршија темелно чистење и миење на центарот на градот, како и шеталиштето. -Вакви акции реализираме редовно и во зимскиот период, се разбира кога тоа го дозволуваат временските услови. Сега тоа го реализираме по топењето на снегот и мразот кој го имаше, поради претходните минусни температури. Ангажирани се вработените во секторот комунална хигена, кои, како и секогаш се ангажираа максимално, изјави за МИА Омер Цами, раководител на секторот за комунална хигена. Според него, комуналците редовно го подигаат и отпадот од контејнерите а ги чистат и дивите депонии, кои дебрани ги созадаат насекаде. -Апелирам до моите сограѓани да бда повнимателни и посовесни и отпадот да го фрлаат само во определените места за тоа. Мораме зедно да работите за почист град и животна средина, апелира Цами. Со идентичен апел и од локалната власт на Дебар, која е основач на ЈКП„Стандрад“. -Од граѓаните бараме да соработуваат во одржувањето на хигиената во градот, што значи фрлање отпад на одредени места (контејнери и корпи за отпадоци), а не по улици и парковите. Исто така ги молиме трговците да не фрлаат ѓубре и амбалажа пред нивните продавници без никаков критериум. Да се грижиме заедно за почист град,стои во апелот на општина Дебар. Од општината испраќаат апел до корисниците редовно да ги подмируваат сметките за порошена вода и подигнат смет, поради фактот дека „ добар дел од нив тоа не го прават“.вт/бт/

Остани поврзан