• понеделник, 23 декември 2024

Движењето Антикоцкање и понатаму бара оддалечување на игрите на среќа од градинки, универзитети и верски објекти  

Движењето Антикоцкање и понатаму бара оддалечување на игрите на среќа од градинки, универзитети и верски објекти   

Тетово, 9 февруари 2023 (МИА) - Движењето Антикоцкање ја поздрави одлуката на Владата за Предлог законот со кој се предвидува оддалечување на објекти со игри на среќа 500 метри од училишта, но велат дека нивните барања остануваат непроменети и за други вид објекти.

Тие на прес-конференција денеска потсетија дека и понатаму остануваат на нивните барања-дислокација на објектите за игри на среќа на три километри од населените места. Имаат и забелешки за Предлог законот на Владата.

- Некои работи почнаа да се движат од нулта точка. Но, со овој Предлог закон се овозможува казината и обложувалниците да се доближат до универзитетите. Во Предлог закон не е споменато оддалечување од универзитетите. Се прашуваме каде останаа градинките, каде останаа јавните институции. Ова барање е пред седум години, два амандмани дадовме, едно време се согласија, да нема игри на среќа и пред верски објекти, центарот на градот, градинки и сите други институции, ние повторуваме дека треба да се внесат и тие објекти. Да не се дозволи и на тие објекти да им се приближат, истакна Џемал Абдиу од Движењето Антикоцкање.

Од Движењето Антикоцкање порачаа дека државата и институциите се тие кои не треба да дозволат да има нелегално коцкање и обложување доколку има затворање на објекти, како што алармираат од асоцијацијата на приредувачи и здруженијата на вработени во игри за среќа.

-Прв пат ние да сме на иста бранова должина со нив, но со дијаметрално спротивни ставови.Тие незадоволни, ние незадоволни, меѓутоа ние на граѓаните им викаме и ги учиме дека животот не е коцка, не се работи за 10 илјади вработени, туку за стотина илјади невработени и затоа е мал проблем бидејќи бараме како во Косово и Албанија. Истите ќе бидат преместени на други работни места, вели Џемал Абдиу

-За тоа има закони и држава. Но ние истото ќе го прашаме зарем сега нема сива економија. Истото сме го прашале и поранешниот премиер, знаеме дека има, секој ден се среќаваме со такви потфати што држава треба да се грижи. Државата треба да размисли, тоа спаѓа во закана за држава, како може да има сива економија, кога функционира државата. Ако е „сива државата“ тогаш може да функционира и сивата економија и казината и спортските обложувалници, рече Јуши Емурлаи.

Од Движењето потсетија дека пред седум години предложиле и да има ткн. зелени зони надвор од населените места каде ќе функционираат објектите на игри на среќа. ас/цр

Остани поврзан