• сабота, 18 мај 2024

Две златни медали за млади неготинки на интернационален куп во кикбокс во Босна и Херцеговина

Две златни медали за млади неготинки на интернационален куп во кикбокс во Босна и Херцеговина

Неготино, 22 октомври 2023 (МИА) - Две златни медали освоија млади неготинки на интернационален куп во кикбокс што се одржа вчера во Босна и Херцеговина, информираа денеска од КБК „Гладијатор" од Неготино.  

- Во Тешањ, Босна и Херцеговина, се одржа реномираниот интернационален куп во кикбокс WAKO Balkan Open 2023, каде учество земаа и нашите девојки од КБК „Гладијатор" Неготино, Јадранка Темелкова и Марија Јанева, кои се вратија со два златни медали. Јадранка како помлад јуниор во КЛ -55 килограми дисциплина, во полуфиналето ја совлада Хрватката со 3-0 и се пласира во финале, каде извојува победа пак со 3-0 и се закити со злато. Марија како сениор во КЛ-60 килограми, во финале ја совлада Босанската натрпреварувачка и со 3-0 се закити со злато, појаснија од Клубот. 


Оттаму информираа дека на овој куп учествувале 85 натпреварувачи од нашата држава, предводени од претседателот на Македонската кикбокс Маи Таи федерација, Дејан Митревски- Урко. Биле освоени 67 медали, 19 златни, 25 сребрени и  23 бронзени.свд/свс


Фото : Јадранка Темелкова 

Остани поврзан