• четврток, 15 август 2024

Две згради на улица „Јуриј Гагагирн“ во Карпош добија нови фасади

Две згради на улица „Јуриј Гагагирн“ во Карпош добија нови фасади

Скопје, 14 август 2024 (МИА) - Општина Карпош ги реконструира фасадите кои не се обновени уште од 1980 година, изјави денеска градоначалникот Стевчо Јакимовски. Тој образложи што се работи во моментов и што е планирано да се реконструира во иднина.

- На улицата ,,Јуриј Гагарин” се реконструирани две станбени згради со број 47 и 49, а претходно беше реконструирана фасада на станбен објект на улицата ,,Братфордска” кој преостанува задниот дел да се доврши. Во исто време продолжуваме кон десеткатниците кои се наоѓаат на улица ,,Јуриј Гагарин 53 и 70, рече Јакимовски.

Од општинскиот буџет за оваа намена издвоени се околу 450.000 евра, а во исто време се зголемува и енергетската ефикасност на овие објекти. Првиот човек на Општината додаде дека по завршувањето на обновата на фасадите на улицата „Јуриј Гагарин”, се продолжува и на други локации во Карпош.

- По улицата „Јуриј Гагарин”, продолжуваме со реконструкција на фасадите на руските згради, после студентскиот дом ,,Гоце Делчев” од десната страна, односно на улицата ,,Адолф Циборовски”, кадешто се планирани да се обноват четири фасади, изјави Јакимовски.са/

Фото/видео: Општина Карпош

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан