• понеделник, 23 декември 2024

Два случаи на семејно насилство во Тиквешијата 

Два случаи на семејно насилство во Тиквешијата 

Кавадарци, 1 јуни 2024 (МИА) - Два случаи на семејно насилство се пријавени вчера во Тиквешијата, информираа денеска од СВР Велес. Во неготинско татко пријавил син, а во кавадаречко синот го пријавил таткото. 

- Синоќа во 21:50 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.А.(27) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 48-годишен татко, според која тој не го почитувал решението од Основен суд Неготино со мерка забрана за приближување и влегување во домот и дошол во неговиот дом. З.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР Велес. 

Претходно,  во 12 часот во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со О.А.(43) од кавадаречко. Тој претходно бил пријавен од неговиот 22-годишен син дека во семејниот дом, по кратка расправија, физички го нападнал. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Од СВР Велес информираа дека синоќа  во 23 часот во ОВР Кавадарци, Ф.М.(61) од Кавадарци пријавил дека на граничен премин „Евзони“ во Р.Грција, при влез во Република Северна Македонија, поради недоразбирање околу сообраќајот, бил физички нападнат од Т.„Н“ од Богданци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. свд/ар/

Остани поврзан