• сабота, 12 октомври 2024

Два големи удари за шампионските амбиции на Арсенал

Два големи удари за шампионските амбиции на Арсенал

Лондон, 11 октомври 2024 (МИА) - Арсенал за помалку од 24 часа претрпе два големи удари. Прво дозна дека Букајо Сака се повреди на мечот меѓу Англија и Грција, поради што мораше да го напушти теренот, а потоа и дека подолго време ќе остане без капитенот Мартин Едегор.

Додека чекаме поконкретни вести за тоа колку е сериозна повредата на Сака, кој го напушти „Вембли“ кривејќи, се појавија информации за состојбата на Едегор.

Норвежанецот го повреди скочниот зглоб минатиот месец додека настапуваше за репрезентацијата, а најпрвин се мислеше дека тоа не е сериозно. Прогнозите беа околу месец и половина, но сега излезе дека „топџиите“ ќе останат без главниот организатор на играта барем до декември.

Најлошото е што во тој период тимот на Микел Артета има дерби со Ливерпул, Челси и Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, како и со Интер во Лигата на шампионите, па јасно е дека ќе му биде потешко отколку што е, особено ако се утврди дека и Сака би можел да паузира.

Арсенал во моментов е изедначен на второто место на табелата во Премиер лигата со Манчестер Сити, со бод помалку од Ливерпул. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан