• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мексико ја освои КОНКАКАФ Лигата на нации

Мексико ја освои КОНКАКАФ Лигата на нации


Инглвуд, 24 март 2025 (МИА) – Мексико ја совлада Панама со 2-1 во синоќешното финале на КОНКАКАФ Лигата на нации во Инглвуд, а победата ја обезбеди двојниот стрелец Раул Хименез.
Со оваа победа, Мексико стана само втората репрезентација која триумфирала во Лигата на нации, откако Американците, кои загубија од Панама во овогодишното полуфинале, ги освоија првите три изданија во 2021, 2023 и 2024 година.
Хименез му донесе рано водство на Мексико во осмата минута, но, Панама израмни од пенал на крајот на првото полувреме преку Адалберто Караскиља.
Решавачкиот пенал за Мексико беше досуден по играњето со рака на Хозе Кордоба, а Хименез, кој исто така постигна гол во полуфиналната победа на Мексико против Канада, беше сигурен реализатор од белата точка. ег
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан