Далас стигна до финалето на Стенли купот за прв пат по две децении
- Хокеарите на Далас старс станаа шампиони на Западната конференција во НХЛ лигата, совладувајќи го Вегас со 4-1 во серијата.
Едмонтон, 15 септември 2020 (МИА) – Хокеарите на Далас старс станаа шампиони на Западната конференција во НХЛ лигата, совладувајќи го Вегас со 4-1 во серијата.
„Старс“ изборија прво финале во Стенли купот уште од 1999/2000 кога загубија од Њу Џерси.
Во сезоната 1998/99, Далас за прв пат ја освои Националната хокеарска лига (НХЛ).
Во финалето од плејофот, Далас ќе се соочи со победникот од двојката Тампа беј – Њујорк (3-1 моментален резултат). зс/