• петок, 05 декември 2025

Македонските фудбалерки ја пречекуваат Летонија во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ја пречекуваат Летонија во Лигата на нации


Скопје, 4 април 2025 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација денеска во Скопје против Летонија ќе го одигра вториот натпревар во рамки на Ц дивизијата од Лигата на нации во квалификациите за Светското првенство 2027.
По стартниот пораз на домашен терен од Косово (0-4) избраничките на селекторот Александар Андов ќе се обидат да ја забележат првата победа и да останат во трка за првото место во групата Ц 6.
Македонија во натпреварот, закажан со почеток во 15 часот на Тренинг комплексот „Петар Милошевски“ ќе влезе посилна за капитенот Наташа Андонова и искусната Гентјана Рочи, кои поради повреда го пропуштија дуелот против Косово.
Македонските фудбалерки ќе го заокружат априлскиот циклус натпревари во Лигата на нации го гостување во Приштина идниот вторник. ег
ФОТО: ФФМ

Остани поврзан