• петок, 22 ноември 2024

Грција одобри купување седум противпожарни авиони од Канада

Грција одобри купување седум противпожарни авиони од Канада

Атина, 22 март 2024 (МИА) - Грција одобри купување на седум противпожарни авиони од Канада за да ја зајакне својата одбрана од шумски пожари кои направија хаос низ земјата во последните години.

Парламентот синоќа даде зелено светло за набавка на седум противпожарни авиони ДХЦ-515 од канадската комерцијална корпација за 361 милион евра.

Според договорот, авионите мора да бидат испорачани меѓу 2027 и 2030 година. Новите авиони можат да пренесат поголеми количества вода што треба да се фрлаат во погодените области од авионите за гаснење пожар „Канадер“, што земјата ги има и ги користи долго време.

Два од авионите ќе бидат дел од програмата на ЕУ - RescEU, што значи дека Грција може да ги позајми на други земји во блокот.

Пожарите минатата година уништија десетици илјади хектари земјиште во североисточна Грција и однесоа повеќе од 20 животи. Најмногу жртви на огнената стихија имаше во 2018 година, кога во близина на Атина загинаа 104 лица. паг/

Фото: Википедија

 

 

Остани поврзан