Група „Преспа" на фолклорниот фестивал во Корча
- - Членовите на групата настапија со сплет македонски ора а успешен настап имаше и Кристијан Ѓорѓи, кој беше награден со бурен аплауз. Меѓу другите тој ја изведе и "Македонско девојче китка шарена" со која ги освои симпатиите на публиката, објави весникот Македониум.
Пустец, 11 декември 2024 (МИА) - Фолклорната група „Преспа” од Општина Пустец беше дел од учесниците на фолклорниот фестивал одржан во Корча.
- Членовите на групата настапија со сплет македонски ора а успешен настап имаше и Кристијан Ѓорѓи, кој беше награден со бурен аплауз. Меѓу другите тој ја изведе и "Македонско девојче китка шарена" со која ги освои симпатиите на публиката, објави весникот Македониум.
Исто така групата учествувала и во дефилето низ градот, заедно со другите учесници.
- Ова е значаен настан во запознавањето на фолклорот и традициите на сите етнички заедници кои живеат во округот Корча и чин на зацврстување на соживотот. И во иднина фолклорната група, која го негува македонскиот фолклор и традиции, ќе ја има нашата целосна поддршка, објави општина Пустец.
На фестивалот организиран од Округот Корча, настапиле фолклорни групи на општините што го сочинуваат овој Округ во кој територијално припаѓа и општина Пустец, односно областа Мала Преспа. вт/
Фото: Општина Пустец