Заедничка фотографија на Груби, Ахмети и Џафери по изборот на новата Влада
- Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците во техничката Влада, Артан Груби по изгласувањето на техничката Влада објави заедничка фотографија со новиот премиер Талат Џафери и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Скопје, 28 јануари 2024 (МИА) - Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците во техничката Влада, Артан Груби по изгласувањето на техничката Влада објави заедничка фотографија со новиот премиер Талат Џафери и со лидерот на ДУИ Али Ахмети.
-Речено, сторено. Честитки до сите, напиша Груби под објавената фотографија.
Техничката Влада на чело со Талат Џафери беше избрана денеска со 65 гласа „за“ и тројца „против“. бак/ев/
Фото: Фејсбук