• сабота, 21 декември 2024

Гросу: Ставот на Молдавија е непроменет, Крим е Украина

Гросу: Ставот на Молдавија е непроменет, Крим е Украина

Минск, 11 септември 2024 (МИА) – Ставот на Молдавија е непроменет – Крим е Украина, а мирот за Украина е мир за Молдавија и за Европска Унија, изјави претседателот на молдавскиот Парламент, Игор Гросу на четвртата Меѓународна кримска платформа во Киев.

Тој денеска учествуваше и на откривањето на споменикот посветено на сталинистичкиот геноцид врз Кримските Татари.

- Пред осумдесет години целото население на Татарите од полуостровот беше натоварено во железнички вагони за стока и депортирано во Централна Азија. За жал, дури и во 2024 година Кримските Татари продолжуваат да бидат предмет на политички прогон и притисок на етничка основа за време на привремената окупација од Русија на територијата на Автономната Република Крим, истакна Гросу.

Гросу денеска учествува на четвртиот состанок на врвот на Меѓународната кримска платформа. Настанот се одржува во Киев, а домаќин е претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Целта на самитот, чиј домаќин е украинскиот претседател Володимир Зеленски, е да се консолидираат напорите на меѓународната заедница за враќање на територијалниот интегритет на Украина, да се сврти вниманието на ситуацијата во Украина и кршењето на меѓународното право од страна на Русија.

Првиот самит на Меѓународната кримска платформа ќе се одржи во 2021 година, а на него учествуваа делегации од 43 земји. ми/

фото: Икс

Остани поврзан