• петок, 22 ноември 2024

Гросо повеќе не е тренер на Лион

Гросо повеќе не е тренер на Лион

Лион, 30 ноември 2023 (МИА) - Тренерот на Лион, Фабио Гросо го напушта тимот, објавено е на официјалниот сајт на францускиот фудбалски клуб.

- Лион сака да им се заблагодари на Фабио Гросо и неговите помошници за нивната работа и професионализам откако го презедоа, се вели во соопштението на клубот.

Во блиска иднина, тимот ќе го предводи шефот на младинскиот оддел на Лион, Пјер Сејџ. Претходно, 44-годишниот Французин беше тренер на младинскиот тим.

Гросо беше на чело на Лион од септември оваа година. Под негово водство, тимот одигра седум натпревари, од кои победи еднаш, двапати ремизираше и загуби на четири натпревари.

Во последниот натпревар Лион загуби на домашен терен од Лил (0:2) во натпреварот од 13. коло на француската Лига 1. 

Со седум бодови Лион го зазема последното место во францускиот шампионат. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан