• понеделник, 23 декември 2024

Гром го остави без струја три и пол часа  поширокиот дебарско - струшки регион

Гром го остави без струја три и пол часа  поширокиот дебарско - струшки регион

Дебар, 26 мај 2024 (МИА) - Дебарско-струшкиот регион синоќа три и пол часа остана без напојување со електрична енергија.

Причина е гром кој ја погодил главната трафостаница во Хидроелектраната "Шпиље" кај Дебар.

- Главната трафостаница во ХЕ "Шпиље" погодена беше од гром-електрично празнење, при силно невреме.  Екипите веднаш излегоа на терен и со максимално залагање големиот дефект беше саниран. Дебарско-струшкиот регион  остана без струја од 19:50  до 23:20 часот, потврдија за МИА од ЦУК.

Во Дебарскиот регион без струја беа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше. 

Подрачјето кусо беше зафатено од невреме проследено со обилен дожд, електрични празнење и грмежи.

Поради обилниот дожд  има појава и на одрони на патните правци од Дебар кон Маврово и кон Струга  поради што надлежните препорачуваат внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација. вт/аа/

Фото:МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан