• петок, 22 ноември 2024

Граѓаните на Општина Дебрца без вода откако „ЕВН“ ги исклучи од напојување пумпните станици за водоснабдување

Граѓаните на Општина Дебрца без вода откако „ЕВН“ ги исклучи од напојување пумпните станици за водоснабдување

Охрид, 24 јануари 2024 (МИА) – Повеќето граѓани на Општина Дебрца денеска останаа без вода, откако „ЕВН“ повторно ги исклучи од напојување со електрична енергија пумпните станици за водоснабдување во општината.

Како што истакна градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, општината го презела долгот на Јавното претпрјатие за електрична енергија од 19 милиони денари и истиот редовно го сервисира. Тој уште посочи дека и за новонастанатиот долг е понудена спогодба од страна на општина Дебрца, истиот да се исплаќа на рати, но оти од другата страна не добиле никаков одговор.

Ногачески посочува и на членот 44 од Правилата за снабдување со електрична енергија од Регулаторната комисија каде, меѓу другото, стои дека „дистрибутерот не може да исклучи водоснабдителен систем ако со тоа се загрозува животот и здравјето на граѓаните“, но оти истиот член како да не важи за „ЕВН“.

„Во Дебрца им се може и можат да прават што сакаат, па и да го загрозуваат здравјето на граѓаните. И така е во држава во која се е партизирано и ако не си партиски поддржан и заштитен ќе си трпиш притисоци, а преку Тебе ќе трпат и граѓаните кои ги претставуваш“, посочи Ногачески во статусот објавен на неговиот официјален фејсбук-профил. аб/аа/

фото/МИА

Остани поврзан