• петок, 22 ноември 2024

Град Скопје: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ само поради инает одбија да гласат за набавка на нови автобуси

Град Скопје: Советниците од ВМРО-ДПМНЕ само поради инает одбија да гласат за набавка на нови автобуси

Скопје, 26 септември 2024

ВМРО-ДПМНЕ денес повторно докажа дека навистина нема никаква намера да работи во корист на граѓаните на градот Скопје. 

Денес, советниците од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје само поради инает одбија да гласат за набавка на нови автобуси, но и за зголемување на бројот на пожарникари во градот Скопје неопходни за безбедноста и заштитата на скопјани.

Граѓаните на градот Скопје треба да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ лаже кога дава предизборни ветувања и континуирано нанесува штета на граѓаните, за лична и партиска корист.



Одделение за односи на Град Скопје

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан