• понеделник, 23 декември 2024

Град Скопје: Скопје, граѓаните и приватните превозници со години се заложници на политичкиот дилетантизам на ВМРО - ДПМНЕ

Град Скопје: Скопје, граѓаните и приватните превозници со години се заложници на политичкиот дилетантизам на ВМРО  - ДПМНЕ

Скопје, 27 септември 2024

Градот Скопје, граѓаните на градот Скопје, па и приватните превозници со години се заложници на политичкиот дилетантизам на ВМРО ДПМНЕ.

Имено, за вчерашната седница на Советот на град Скопје приватните превозници до претседателот на Советот Трајко Славевски испратиле барање за зголемување на цената на услугите. Ова барање Славевски одбил да го стави на разгледување пред советниците, што е причина за револтот кај приватните превозници денес.

Скопје е заложник на политичка група, која секојдневно водена од намера да предизвика што поголеми проблеми за скопјани, бидејќи секој успех на Градот тие го сметаат за свој неуспех.

 

Одделение за односи со јавност на Град Скопје

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан