Град Скопје: Продолжува проектот за подобрување на условите за скопските средношколци
- СООПШТЕНИЕ - Во средно училиште на Град Скопје „Марија Кири Склодовска“ реконструирани се површините предвидени за спорт и рекреација на учениците, реконструирано е спортското игралиште со нова тартан подлога, како и нови училишни спортски реквизити.

28 февруари 2025
Продолжува проектот за подобрување на условите за скопските средношколци со инвестици во средните училишта на Град Скопје, со што се обезбедува подобрување на условите за учениците и за наставниот кадар кој овозможува повисок квалитет на наставниот процес. Во средно училиште на Град Скопје „Марија Кири Склодовска“ реконструирани се површините предвидени за спорт и рекреација на учениците, реконструирано е спортското игралиште со нова тартан подлога, како и нови училишни спортски реквизити.
Со континуираните инвестиции во средните училишта на Град Скопје се овозможуваат одлични услови за средношколците и наставниот кадар за одржување на наставата по спорт и спортски активности. Спортските капацитети изградени по највисоки стандарди, им овозможуваат на младите спортисти кои учествуваат во училишната лига, но и на сите средношколци од училиштето активно да тренираат и да се надградуваат.
Град Скопје
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки