• среда, 09 октомври 2024

Град Скопје: Објавен е конкурс за визуелни уметности што ќе се реализираат во 2025 година

Град Скопје: Објавен е конкурс за визуелни уметности што ќе се реализираат во 2025 година

Скопје, 9 октомври 2024 (МИА) - Град Скопје денеска информира дека е објавен конкурсот за визуелни уметности, самостојни и групни изложби, инсталации, мултимедијални проекти, перформанси, што ќе се реализираат во 2025 година. 

- Заинтересираните уметници потребно е во консолидиран документ да достават концепт за изложбата, куса биографија и контакт информации, фотографии од нивни дела во висока резолуција планирани за изложбата, доколку изложбата не е подготвена, да се испратат дела од својот опус на likovna@kic.mk, се вели во соопштението од Град Скопје. 

Конкурсот трае 14 дена, а право на учество имаат сите заинтересирани ликовни уметници кои во Културно-информативниот центар Скопје не изложувале во последните две години.

Изборот на проектите за кој средства се обезбедени од Град Скопје ќе го изврши комисија составена од претставници на Културно-информативниот центар Скопје. мд/аа/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан