• понеделник, 23 декември 2024

Град Скопје ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за „Дрисла“

Град Скопје ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за „Дрисла“
9 октомври 2022  Ја разбираме нервозата на раководството на ВМРО-ДПМНЕ поради губењето на контрола врз градските јавни претпријатија, и губењето на можноста преку свои директори од парите на скопјани да се вработува без контрола и да се обидуваат да прават бизниси. ЈП „Дрисла” за само девет месеци раководство на директорот на Мицкоски, е оставено со долг од 100 милиони демари, а во истиот период во претпријатието ангажирале без срам нови 30 лица без никакви критериуми. Ако од ВМРО-ДПМНЕ сакаат да зборуваат за грабеж во претпријатието, тогаш, резултатите од ревизијата на работењето на нивниот директор ќе бидат јавно достапни и со можност за соодветна пријава. Истовремено бараме од ВМРО-ДПМНЕ во рок од 48 часа да се извинат за изнесената лага, во спротивно кажаното ќе мора да го докажат пред надлежниот суд. Град Скопје  ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан