• недела, 14 јули 2024

Градоначалничката Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје

Градоначалничката Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје
Скопје, 30 август 2022 (МИА) - По невремето кое го зафати Скопје, градоначалничката Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје. Ова го соопштија од Град Скопје. Невремето проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер што попладнево го зафати Скопје, предизвика поплавување на улици, подвозници, куќи и дворови. Има и искрешни дрва и гранки. Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода. Од ЦУК информираат дека освен Скопје, од невреме попладнево се зафатени и Штип, Велес, Демир Хисар, Свети Николе. УХМР најави дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град. рп/

Остани поврзан