• понеделник, 23 декември 2024

Градоначалниците Атанасовски и Папазов извршија увид во гаснењето на пожарот во с.Цера

Градоначалниците Атанасовски и Папазов извршија увид во гаснењето на пожарот во с.Цера

Македонска Каменица, 15 август 2024 (МИА) - Градоначалниците на Македонска Каменица и Кочани, Димчо Атанасовски и  Љупчо Папазов извршија увид на пожарот во село Цера. Во својата објава на фејсбук Атанасовски информира дека пожарникарите од Македонска Каменица и Кочани, помогнати од локалното население, вработени во Шумското стопанство и доброволци кои се приклучиле кон упатениот негов апел, успеале да го локализираат силниот пожар во село Цера.

- Пожарот се уште не е ликвидиран, но помогнати од локалното население, вработени во Шумското стопанство, доброволци од Македонска Каменица и вработени во каменичките училишта, успеавме истиот да го локализираме, информира Атанасовски  

Куќите и имотите на локалните жители се заштитени од пожарот.

-Следува внатрешно елиминирање на огнот, акција која ќе ја спроведуваме етапно, според условите на терен и развојот на временските прилики во текот на денот, додаде Атанасовски.

Во атарот на селото Цера, попладне заврна дожд, за што учесниците во акцијата за гаснење изразија надеж дека дополнително ќе влијае пожарот целосно да биде ликвидиран. вс/аа/

Фото: Градоначалник на М.Каменица, Димчо Атанасовски 

Остани поврзан