• петок, 22 ноември 2024

Градоначалникот Ѓорѓиевски телефонски разговарааше со жители од Кисела Вода за нивните проблеми

Градоначалникот Ѓорѓиевски телефонски разговарааше со жители од  Кисела Вода за нивните проблеми

Скопје, 22 јуни 2024

​Работна сабота во Општина Кисела Вода. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денот го помина во својот кабинет каде телефонски разговараше со повеќе од 50 граѓани за нивните проблеми,  потреби и идеи. Информираше дека барањата се евидентирани и веднаш ќе се пристапи кон решавање, а сите останати граѓани кои се соочуваат со некаов проблем, можат да се јават на 02/2785400 и да закажат средба. 

-Нема одмор - се работи и во сабота  Од рано наутро сум во мојот кабинет каде што досега остварив телефонски разговор со повеќе од 50 мои сограѓани, кои имале потреба или оставиле свој контакт на службите од општината. Мојот тим ги запишува барањата и веднаш пристапуваме кон нивно решавање.

Морам да споделам дека ме радува тоа што некои граѓани немаат апсолутно никаков проблем, туку им треба само пријателски разговор во кој ќе споделат и некоја идеја од која ќе произлезе проект во иднина.

Има и такви кои се пријатно изненадени и велат дека во минатото не можеле никако да стигнат до градоначалникот, а не пак лично да ги побара телефонски.  Приемот е многу позитивен и за мене тоа е најголемото признание дека сме на добар пат.

Останувам тука да разговарам или остварам лична средба со секој оној кој има потреба, во мојот кабинет или надвор, на пријателско кафе.

На проблемите ќе им погледнеме во очи и заеднички ќе ги решаваме. Секогаш за мојот народ-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан