• среда, 10 јули 2024

Градоначалникот на Кисела Вода на средба со претставник од Групацијата ТАВ

Градоначалникот на Кисела Вода на средба со претставник од Групацијата ТАВ
Скопје, 6 ноември 2021 (МИА)Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски на средбата со тимот од ТАВ ТЕПЕ АКФЕН разговарал за степенот на реализација на проектот финансиран од Групацијата ТАВ, за кој на оваа Општина и беа одобрени средства во висина од 13.784.000 денари. Ѓорѓиевски, како што соопшти општинската прес-служба, и се заблагодарил на оваа турска групација, преку чија инвестиција жителите на општина Кисела Вода добиваат подобрување на комуналната инфраструктура.

На средбата, претставниците од ТАВ ТЕПЕ АКФЕН пак, предводени од нивниот технички менаџер, Емрах Тосун информираа дека 45 проценти од проектот за изградба на атмосферска и фекална канализација по улиците „Јордан Филиповски, „Жил Верн”, „Трпе Петревски и „Стојан Стојановски“ се реализирани, а преостанатите е предвидено се довршат кон средината на декември.

На средбата присуствуваше и дел од општинската администрација која активно ги следи и координира активностите на теренкако и претставник на фирмата подизведувач, со цел да се изврши целосен увид во тековната состојба и изведбата на проектот да може да тече непречено и со предвидената динамика.

Како што соопштија од Општина Кисела Вода, средбата била финализирана со подготвеност од двете страни за унапредување и продлабочување на соработката.бт/дма/

Остани поврзан