• среда, 23 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Градоначалникот на Делчево Трајковски додели парични награди за најдобрите ученици Роми

Градоначалникот на Делчево Трајковски додели парични награди за најдобрите ученици Роми

Делчево, 8 април 2025 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на Ромите, градоначалникот Горан Трајковски денес додели парични награди за најдобрите ученици Роми во Делчево за учебната 2024/25.

Овие парични награди на најдобрите ученици Роми во Делчево како што истакна Трајковски, се традиционални и претставуваат мотивација на учениците да постигнуваат подобри резултати во образованието.

- Најдобар средношколец од ромска националност во Делчево е Окан Шакиров, ученик во 3-5 клас во СОУ „М.М Брицо“ и тој од Општина Делчево добива парична награда од 10.000 денари. По 5.000 денари добија најдобрите ученици Роми во основното образование: Севги Ибраимова, ученичка во 9 одделение во ООУ „Ванчо Прке“ и Алисија Нарин Мемедова ученичка во 6 одделение во ООУ „Св.Климент Охридски“ Подрачно училиште Тработивиште, информира Трајковски.

На сите припадници на ромската етничка заедница, им го честиташе денешниот празник, 8-ми Април-Светскиот ден на Ромите, а на учениците им порача дека со успеси во образованието и натпревар во знаења може да се оствари посакуваната цел во животот.

- Токму од таа причина ценејќи дека соодветното образование е една од алките кои дава можност за конкурентност на пазарот на трудот и основа за понатамошен индивидуален професионален развој и со цел мотивација за постигнување подобри резултати во образованието кај ромската заедница, традиционално по повод Меѓународниот ден на Ромите, Општина Делчево ги наградува овие одличните ученици Роми во образовните институции, подвлече Трајковски. вс/цр

Фото: МИА

Остани поврзан