• вторник, 26 ноември 2024

Градоначалникот на Дебар в понеделник во посета на САД

Градоначалникот на Дебар в понеделник во посета на САД
Дебар, 19 март 2021 (МИА) - Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука в понеделник заминува во повеќедневна посета на САД, каде што живее многоубројна дебарска дијаспора. - За време на престојот ќе имаме средби и разговори со претставниците на здруженијата на дебрани во Стејт Исланд и Њу Џерси, каде што концентрацијата на нашинците е најголема. Ќе разговараме за пописот како значајна статистичка операција, но и за унапредување на соработка со здруженијата, информираше Дука. Тој поренцира дека ќе биде формирана заедничка група, во која ќе има претставници на општината и стопанственици по потекло од овој крај, активност која била планирана да се реализира минатото лето, но поради пандемијата со Ковид-19 тие не дошле во Дебар. - Пред нашинците ќе ги презентираме реализираните проекти во изминатите две години, од кога сум градоначалник, за да и тие непосредно се запознаат со нашата работа. Исто така ќе ги запознаеме со проектите кои се во тек или чекаат на реализација за да може да помогнат. Секако неодминливо ќе биде и прашањето за условите кои ги нудиме за да тие вложуваат во родниот крај, посочи тој. Според него, во рамки на престојот планирана е средба и со градоначалникот на Њујорк. Од Дебар и Центар Жупа во САД има повеќе од 15 илјади иселеници, од нив дури 97 отсто се од општина Дебар. Дука ќе биде придружуван од Или Мирзо, секретар на општината и Блерон Сефери од секторот за информирање.вт/фф/

Остани поврзан