• понеделник, 15 јули 2024

Гори депонијата „Острец“ во Делчево

Гори депонијата „Острец“ во Делчево

Делчево, 14 јули 2024 (МИА) - Гори градската депонија „Острец“ во Делчево. Облакот од чад што надвиснува над градот е пријавен околу 14 часот од страна на жители на делчевското село Црквенец.

Како што информираат од Територијалната противпожарна единица, нивни екипи веќе се на терен во обид да го изгаснат огнот на депонијата.

Ваквата појава како што информираат оттаму, е честа појава при високи температури во летните месеци.

- При високи температури, често доаѓа до запалување на депонијата од стакленичките гасови, а понекогаш и од намерно палење. Затоа, апелираме да се воздржат сите од несовесни постапки, бидејќи последиците може да бидат големи, истакнаа од ТППЕ - Делчево. вс/бд/

Фото: МИА

Остани поврзан