• недела, 19 мај 2024

Големи експлозии на Крим и во рускиот град Саратов

Големи експлозии на Крим и во рускиот град Саратов

Москва, 14 септември 2023 (МИА) - На Крим се случи голема експлозија, а на видеото кое се шири на социјалните мрежи се гледа голем пламен во ноќта. 

Голема експлозија се случи и во рускиот град Саратов на илјада километри од украинската граница, каде се наоѓа воздухопловната база Енгелс.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека 11 украински беспилотни летала биле уништени над Крим. Оттаму додадоа дека се уништени и пет украински морски беспилотни летала кои нападнале брод на руската морнарица во Црното Море. мс/

фото: Принтскрин/Твитер

 

 

Остани поврзан