• четврток, 11 април 2024

Годишната стапка на инфлација во Турција во февруари изнесува 67,07 отсто, што е највисока во последните 15 месеци

Годишната стапка на инфлација во Турција во февруари изнесува 67,07 отсто, што е највисока во последните 15 месеци

Анкара, 4 март 2024 (МИА) - Годишната стапка на инфлација во Турција во февруари се искачи на  67,07 отсто по јануарските 64,86 отсто, објави денеска турскиот институт за статистика Туркстат. Инфлацијата во Турција е највисока во последните 15 месеци.

На годишно ниво, во февруари, најмногу поскапеле услугите во хотелите, кафулињата и рестораните, за 94,78 отсто, како и во образованието за 91,84 отсто, здравството за 81,25 отсто и превозот за 77,98 отсто.

Храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за 71,12 отсто, алкохолните пијалаци и тутунот за 63,09 отсто, а облеката и обувките за 43,44 отсто.

На месечно ниво, инфлацијата е повисока за 4,53 отсто во однос на јануари.

Годишната стапка на основната инфлација во Турција, исто така, се зголеми во февруари, од 70,48 отсто во јануари на 72,89 отсто.

На 22 февруари Централната банка на Турција (ТЦМБ) одлучи да ја задржи референтната каматна стапка на 45 отсто, објавија медиумите. Претходно, почнувајќи од јуни 2023 година, банката осум пати по ред ја зголеми референтната каматна стапка за вкупно 3.650 базни поени.

Централната банка на Турција објави дека референтната каматна стапка ќе остане на сегашното ниво додека не дојде до значителен и одржлив пад на основниот месечен тренд на инфлација. ссм/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан