• петок, 22 ноември 2024

Годишната инфлација во Грција во јули зголемена на 2,7 отсто

Годишната инфлација во Грција во јули зголемена на 2,7 отсто

Атина, 9 август 2024 (МИА) – Годишната инфлација во Грција во јули се зголемила на 2,7 отсто, наспроти 2,3 проценти еден месец претходно и 2,5 отсто за истиот период во 2023 година, зголемување што, според официјалните податоците од грчката служба за статистика, се должи на поскапувањата на цените на дел од продуктите и услугите, како што се маслиновото масло и природниот гас јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, за една година, од јули 2023 до јули 2024 година цената на маслиновото масло се зголемила за 56,7 проценти, на природниот гас за 23,4 отсто, а за прехранбените продукти, зголемени се цените на лебот, месото, рибите, зеленчукот, шеќерот и слатките производи. 

Од друга страна намалување на цените има кај брашното, млечните производи, јајцата и овошјето. 

Во однос на цената на струјата, за една година е намалена за 1,8 отсто, а во споредба со јуни, минатиот месец била поскапа за 9,5 проценти. ср/

Остани поврзан