• понеделник, 23 декември 2024

ГН на Јапонија останува во календарот на Формула 1

ГН на Јапонија останува во календарот на Формула 1

 

Токио, 2 февруари 2024 (МИА) – Големата награда на Јапонија, која традиционално се вози во Сузука, останува во календарот на Формула 1 до 2029 година, соопшти денеска Ф1.

На патеката во Сузука веќе се одржани 33 трки, а премиерното издание беше во 1987 година.

Рекордер според бројот на победи во Сузука е Германецот Михаел Шумахер, кој шест пати ја освојуваше ГН на Јапонија.

Новата сезона во Формула 1 стартува на 2 март со ГН на Бахреин, а во календарот се вклучени 24 трки.

Трката за ГН на Јапонија во новата сезона е на програмата на 7 април. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан