• недела, 22 декември 2024

Гир: Европската Унија дава силна поддршка за изградбата на Коридорот 8

Гир: Европската Унија дава силна поддршка за изградбата на Коридорот 8
Крива Паланка, 18 февруари 2022 (МИА) - Европската Унија дава силна поддршка на Република Северна Македонија во изградбата на Коридорот 8, изјави денеска во Крива Паланка, шефот на Делегацијата на Европската унија во земјава, амбасадорот Дејвид Гир.
- Како Европска Унија со нетрпение очекуваме да отпочне изградена на првиот и вториот дел од железничката траса на Коридорот 8, пругата кон Бугарија и мора да нагласам дека со средства од Европската банка за обнова и развој и со грант од Европската Унија ќе се гради делницата Куманово – Бељаковце – Крива Паланка, додека веќе интензивно работиме на изнаоѓање начини за изградба на делот три, Крива Паланка - граничен премин со Република Бугарија, Деве Баир, изјави евроамбасадорот Гир за време на посетата на општината по повод првиот роденден на Europe House Крива Паланка.
Гир денеска имаше средба и со градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, на која се разговараше за повеќе аспекти во однос на начинот на поддршка на општината од страна на ЕУ фондовите, со кои досега се реализирани проекти во вредност од околу пет милиони евра. ид/вг/

Остани поврзан