• понеделник, 25 ноември 2024

Германските тимови повторија достигнување старо речиси 30 години

Германските тимови повторија достигнување старо речиси 30 години

Минхен, 19 април 2024 (МИА) - По натпреварите во текот на неделата, Бундеслигата сега има дури три екипи кои се полуфиналисти на европските клупски турнири. Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен стигнаа до претпоследната фаза од двете главни натпреварувања - Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а три германски тима не стигнале во оваа фаза речиси 30 години.

Ова последен пат се случи во сезоната 1994/1995 година. А што е уште поинтересно е тоа што тогаш токму истите екипи стигнуваат до полуфинале.

Баерн тогаш стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, каде загуби од холандскиот гигант Ајакс по 0:0 во Минхен и 2:5 во реваншот. Во тогашниот Куп на УЕФА учествуваа Борусија Дортмунд и Леверкузен, а двата тима се сретнаа со италијански противници. „Жолто-црните“ загубија од Јувентус по 2:2 во првиот меч во Германија и 2:1 за „бјанконерите“ во реваншот. Леверкузен, пак, е елиминиран по двата порази од идниот освојувач на трофејот Парма - 1:2 и 0:3.

Германските екипи сега ќе сакаат да избегнат слично сценарио и ќе се надеваат на добар настап.

Германија ги има сите шанси да обезбеди петти тим во Лигата на шампионите, а на бундеслигашите им требаат две победи или реми и две нерешени во претстојните полуфинални натпревари.

Англија, пак, ќе се потпре на победата на Астон Вила на сите свои натпревари за да обезбеди дополнителен тим во најпрестижниот европски клуб, а по синоќа, Италија веќе го постигна тоа. дс

Фото: Баерн Минхен

Остани поврзан