• понеделник, 23 декември 2024

Германската компанија „Киел“ ќе инвестира во ТИРЗ Тетово

Германската компанија „Киел“ ќе инвестира во ТИРЗ Тетово
Скопје, 23 ноември 2022 (МИА) - Германската компанија „Киел“ ќе гради производствен капацитет во технолошко-индустриската развојна зона Тетово. Инвестицијата се проценува на 9,2 милиони евра. На денешното официјално објавување на новата инвестиција најавени се обраќања на премиерот Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски и претставници на менаџерскиот тим на компанијата. По обраќањата најавено е потпишување на договорот за новата странска инвестиција. бак/мд/

Остани поврзан