• петок, 22 ноември 2024

Германија ќе развие ПВО систем со краток дострел како замена за тенковите Гепард

Германија ќе развие ПВО систем со краток дострел како замена за тенковите Гепард

Берлин, 18 јануари 2024 (МИА) - Германија ќе нареди развој на противвоздушен одбранбен систем со краток дострел во вредност од околу 1,3 милијарди евра за да се пополни одбранбената празнина по рускиот напад на Украина и да се заменат пензионираните Гепард тенкови и друга опрема.

Германскиот буџетски комитет денеска го одобри договорот со конзорциумот составен од Рајнметал, Диел и Хензолд, и покрај петкратното зголемување на цената што беше критикувано од Федералниот ревизорски суд.

Главна задача на компаниите ќе биде развој на системи за противвоздушна одбрана со куси дострели почнувајќи од три километри и за многу кратки дострели кои се под нивото на закана од мали беспилотни летала.

Во минатото, Германија главно се потпираше на противвоздушни тенкови Гепард со многу краток дострел до три километри.

Берлин ги пензионираше своите Гепарди во 2010 година за да заштеди пари, додека овој систем за противвоздушна одбрана сè уште се користи во војната во Украина.

Системите за противвоздушна одбрана со краток дострел се наменети за заштита на трупите на тактичко ниво, за време на операции за распоредување сили или додека војниците се во движење и штитат од проектили и беспилотни летала, како и од авиони кои летаат ниско. ссм/

 

Остани поврзан