• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Герасимовски: По 20 години нема веќе дива депонија зад Буњаковец, следува зеленило и паркинг

Герасимовски: По 20 години нема веќе дива депонија зад Буњаковец, следува зеленило и паркинг

Скопје, 9 април 2025 

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека целосно е исчистена дивата депонија зад катната гаража во Буњаковец, во близина на ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Отстранувањето започна минатиот месец како дел од акцијата за чистење „Центар не чека, Центар чисти“, при што беа подигнати големи количини отпад, се миеја улици и се подобруваше хигиената низ целата општина.

„Целосно ја исчистивме дивата депонија позади катната гаража во Буњаковец. На овој простор, кој долго време беше занемарен и невидлив за граѓаните, затекнавме опасен отпад – азбестни плочи и разни градежни и други материјали што претставуваа сериозен ризик по здравјето. Веднаш интервениравме со механизација, го отстранивме целиот отпад и извршивме дезинфекција на теренот. Сега овој простор е безбеден и уреден, а во наредниот период тука ќе се уреди нов паркинг и ќе се засади зеленило, со што оваа локација конечно ќе добие функционална и естетска вредност“, истакна Герасимовски.


Општина Центар

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Општина Центар 

Остани поврзан