Герасимовски: Исплатени по 7000 денари помош за новороденчиња на 70 семејства во Центар
- На 70 семејства од почетокот на оваа година им се исплатија по 7.000 денари парична помош за новороденчиња. Средствата им се доделуваат како првична помош и поддршка на родителите кои имаат п
Скопје, 17 март 2022 (МИА) - На 70 семејства од почетокот на оваа година им се исплатија по 7.000 денари парична помош за новороденчиња. Средствата им се доделуваат како првична помош и поддршка на родителите кои имаат принова во семејството и се жители на Општина Центар.
Градоначалникот Горан Герасимовски денеска посети дел од семејствата и лично им ги врачи решенијата за доделување на оваа парична помош заедно со пригодни подароци и на најмладите им посака добро здравје и безгрижно детство.
Оваа парична помош, како што информираат од Општина Центар, се доделува тековно секоја година како дел од активностите за детска заштита и во рамки на проектот за првична помош и поддршка на родителите кои имаат принова во семејството и се жители на Центар.
Исто така, Општина Центар ги поттикнува сите родители на новороденчиња да го користат правото за користење на парична помош со поднесување на барање и потребната документација најдоцна до наполнување на шестиот месец на новороденчето.
Општина Центар најавува дека и понатаму ќе продолжи да реализира проекти од областа на детската заштита и да се грижи за најмладите кои претставуваат најголема радост за секое семејство. сст/сп/