• петок, 22 ноември 2024

Герасимовски: Во моментов се подготвува проект за новиот изглед на салата „Работнички“

Герасимовски: Во моментов се подготвува проект за новиот изглед на салата „Работнички“

Скопје, 19 март 2024 (МИА) -  Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека Општината го чека идејниот проект за салата „Работнички“ по што таа ќе биде целосно реконструирана, соопшти денеска Општина Центар. 

-Се уште немаме идејно решение како ќе изгледацсалата, но ќе биде со истите димензии, целосно реконструирана, со нов паркет и трибини, нови санитарни чворови и нов кров, рекол Герасимовски во денешното гостување во утринската програма на телевизија Телма.

Тој исто така истакнал дека, како и салата, така и клубот биле во многу лоша финансиска состојба, но по спонзорството во 2022 година клубот почнал да се крева. Како што истакнал, со добиените средства од Владата во вредност од 30 милиони денари минатата година, клубот сериозно се враќа на шампионските патеки.

-Во 2021 ноември кога дојдов во општината како градоначалник, клубот беше на десетто место со четири неисплатени плати, со лоши внатрешни односи и со околу 600 000 евра долг. Во моментов клубот е на прво место. Има сериозни спонзори, одлична екипа на играчи, но и внатрешните односи се на високо ниво. Од долгот останати се околу 70 000 евра од 600 000 колку што должеше пред 2 години.  Очекуваме оваа година да бидеме шампиони и да го задржиме како и досега првото место, како и многу успеси во текот на следната година. Се враќа Работнички на победничките патеки, рекол Герасимовски. 

Тој во гостувањето зборувал и за идните проекти на општината како поставување на фотоволтаици, катната гаража во Капиштец, новите зеленила, но и за проектите за намалување на проблемот со паркирањето. сст/цр/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан