• вторник, 05 ноември 2024

Герасимовски-Гети: Општина Центар и Лајонс од Чикаго имаат заеднички интерес за соработка

Герасимовски-Гети: Општина Центар и Лајонс од Чикаго имаат заеднички интерес за соработка

Скопје, 23 јули 2024 (МИА) - Општина Центар и градоначалникот Горан Герасимовски денеска беа домаќини на Кристофер Гети, градоначалник на Лајонс, општина во Чикаго, Соединетите Американски Држави, информираат од Општината. 

Герасимовски го запознал Гети со начинот на кој функционира општината и кои се ингеренциите што локалната самоуправа на Центар ги има во рамки на Градот Скопје.

Зборувајќи за буџетот, Герасимовски истакнал дека најголем дел од средствата што ги има
општината се вложуваат во проекти во образованието и во инфраструктурни проекти.

-Проектите во овие области се планираат и спроведуваат согласно потребите на граѓаните и во
чекор со современите трендови за развој на централното градско јадро, посочил Герасимовски
на средбата. сст/цр/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан