• понеделник, 23 декември 2024

Генци Кадриу од Фиер две години работи на композицијата „Македонија“

Генци Кадриу од Фиер две години работи на композицијата „Македонија“

Тирана, 5 октомври 2023 (МИА) – Познатиот ликовен уметник и професор во средното уметничко училиште во албанскиот град Фиер, Генци Кадриу љубовта кон неговите македонски корени ги пренесува и во уметноста.

- Неговите родители се преселиле од областа Голо Брдо во градот Фиер во 60-те години од минатиот век. Како познат уметник во Албанија, две години работи на композицијата „Македонија“, посветена на македонското потекло на неговите родители, на која во гипс пренесува дел од македонската историја, наведува весникот „Македониум“.

Станува збор за уникатна композиција за македонската посебност а голема желба на Генци е ова композиција да ја направи во бронза.

Македонскиот јазик тој го научил од своите родители така како што го зборувале во Голо Брдо а и денес дома.

- Српскиот, бугарскиот и грчкиот јазик не ги разбирам, додека со селата што се во Македонија, од другата страна на границата, се разбираме и имаме ист македонски јазик, вели Генци Кадриу, на видеозапис од средбата со познатиот македонски активист Васил Стерјовски.

Генци беше дел од Македонците кои преку македонското друштво „Сонце“, учествуваше на Саемот на националните малцинства под мотото „Зачувување и промоција на културата и потеклото на националните малцинства преку уметноста и занаетчиството“, одржан во Фиер, со поддршка од Комитетот за национални малцинства во Албанија а во организација на здружението „Гласот на Ромите“.

Целта на саемот, според Стерјовски, беше да ги промовираат уметничките и културните вредности на националните малцинства во Албанија преку уметнички и занаетчиски дела, како и да ја пренесе пораката за соживот помеѓу националните малцинства и заедничките вредности на културата и традицијата. вт/ир

Фото: весник Македониум

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан