• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Генерал Бригер: ЕУ треба да ја засили својата оперативна визија во одбраната

Генерал Бригер: ЕУ треба да ја засили својата оперативна визија во одбраната

Брисел, 27 февруари 2025 (МИА) – Ако Европската Унија сака да стане уште порелевантен играч, а не само плаќач за одбраната, неопходно е да преземете веродостојни чекори за подобрување на воената мобилност и да ја засили својата оперативна визија, смета шефот на Воениот комитет на ЕУ и главен воен советник на високата претставничка на блокот за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, австрискиот генерал Роберт Бригер. 

Тој во интервју за „Еурактив“ посочува дека ЕУ мора да работи на зајакнување на своите одбранбени капацитети и да ги дефинира своите приоритети преку координиран и кооперативен пристап, но и да води сметка за потребите на армиите на земјите членки. 

- Ова значи дека се надеваме оти ќе сметаме на научените лекции, особено од војната во Украина, но и на индустриското производство кое ќе ги следи овие приоритети, изјави австрискиот генерал. 

Бригер потенцира дека искуствата од Украина укажуваат дека од најголема важност е противвоздушната одбрана од проектили и дронови, но дека мора да се работи и на заштита на подводната инфраструктура, зголемување на производствените капацитети за артилериска муниција, како и зајакнување на конвенционалните способности, работната сила и логистика. 

Во однос на новите сили на ЕУ за брзо распоредување од 5.000 војници, Бригер вели дека е предвидено тие првенствено е да дејствуваат надвор од Европа, но дека „сигурно треба да се размисли“ дали под одредени услови овие сили може да се користат и на европско тло.  

- Ќе биде клучно да се искористи оваа нова сила. Ова е сценарио „искористи или изгуби“. Според мене, треба да има одговорен командант на овие сили, на пример, команда за воено планирање на ЕУ, со задача за навремено реагирање, вели Бригер. 

За можното испраќање европски мировници во Украина по воспоставувањето на прекин на огнот, Бригер вели дека е очигледно оти „носителите на политички одлуки се подготвени за такво нешто“. 

- За да се обезбеди зона на раздвојување или нешто слично, би биле потребен голем број војници, смета австрискиот генерал. 

Во врска со улогата на ЕУ во обликувањето на безбедноста и одбраната во Африка, Бригер вели дека Европа не е единствениот играч на овој континент, бидејќи свое присуство таму имаат и други актери како Русија, Кина или Турција.- Нашиот пристап по комплицираните искуства во Сахел е да ги приспособиме мисиите, почитувајќи ги барањата и очекувањата на партнерите, но сепак се обидуваме да им служиме на европските интереси кога станува збор за миграцијата или антитероризмот, вели Бригер, додавајќи дека на ЕУ и е потребен договор за нова заедничка европска стратегија за Африка.

Прашањето за идната одбрана на Европа и случувањата во Украина ќе бида главана тема на специјалниот Самит на ЕУ закажан за следната недела. сп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан