• понеделник, 17 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Генерал-мајор Андриј Хнатов именуван за нов началник на Генералштабот на украинските вооружени сили

Генерал-мајор Андриј Хнатов именуван за нов началник на Генералштабот на  украинските вооружени сили

Киев, 16 март 2025 (МИА) - Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска го именуваше генерал-мајор Андриј Хнатов за началник на Генералштабот на вооружените сили на Украина, во рамки на напорите за забрзување на воените реформи.

Според декретот објавен на претседателската веб-страница, Хнатов, кој досега беше заменик-началник на Генералштабот, ќе го замени генерал-полковник Анатолиј Бархилевич.

- Доследно ја менуваме армијата за да ја направиме поподготвена за борба. За да го постигнеме тоа, го реформираме системот на управување и воведуваме јасни стандарди, изјави министерот за одбрана, Рустем Умеров.

Тој додаде дека Хнатов има 27 години воено искуство, напредувајќи од командант на маринска бригада до лидер на воените операции во Доњецката област. Бархилевич, пак, ќе биде задолжен за воените стандарди и дисциплина.

Во обид да ја модернизира армијата, Украина минатата година воведе посебни сили за беспилотни летала, а годинава започна транзиција од бригаден систем кон „корпусен“ модел за подобра координација и побрзо носење одлуки. ссм/

фото: Википедија

 

Остани поврзан