• недела, 22 декември 2024

Гасперини останува во Аталанта

Гасперини останува во Аталанта

Бергамо, 7 јуни 2023 (МИА) – Италијанскиот фудбалски прволигаш Аталанта објави дека тренерот Џан Пјеро Гасперини ќе продолжи да го предводи тимот.

 

Детали околу договорот за продолжување на соработката не се соопштуваат.

 

Тамошните медиуми објавија информација дека Аталанта е подготвена да го продолжи договорот со главниот тренер до 2025 година.

 

Актуелниот договор меѓу Гасперини и Аталанта е со важност до јуни 2024 година.

 

Во последната сезона од Серија А, клубот заврши на 6. место и се пласираше во Лига Европа. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан