• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сопствениците на ПСЖ ќе купат шпански клуб

Сопствениците на ПСЖ ќе купат шпански клуб

Малага, 26 март 2025 (МИА) - Сопствениците на Пари сен Жермен, „Катар Спорт Инвестментс“ се во преговори за купување на шпанскиот второлигаш Малага, пренесе „Екип“.

Катарците го купија ПСЖ во 2011 година, но сега почнуваат да го прошируваат своето портфолио во фудбалот. Тие неодамна купија 21,67 отсто од португалска Брага.

Според „Екип“, преговорите за купување на Малага се во напредна фаза и двете страни се блиску до договор за 100 милиони евра.

Една од причините зошто „Катар Спорт Инвестментс“ го избра овој клуб е затоа што градот ќе биде домаќин на натпреварите на Светското првенство во 2030 година, а стадионот ќе биде реновиран.

Инвестициската група преговара и за проект во Белгија. дс

Фото: Архива

Остани поврзан