• понеделник, 23 декември 2024

Гасперини: Испишавме историја во Ливерпул

Гасперини: Испишавме историја во Ливерпул

 

Ливерпул, 12 април 2024 (МИА) – Тренерот на Аталанта, Џанпјеро Гасперини, ја нарече историска победата на неговиот тим од 3-0 на гостувањето изминатата вечер над Ливерпул на „Енфилд Роуд“ во првиот четвртфинален натпревар во Лига Европа.

„Ви благодарам! Тоа беше извонредна и неверојатна победа за историја на Аталанта. Им благодарам на сите навивачи кои со толкава страст дојдоа во Ливерпул и го поддржаа тимот на трибините. Резултатот што го постигнавме е нешто што ќе остане запишано засекогаш. Не можете секогаш да освојувате трофеи, но кога испишуваш историја за клуб како нашиот, тоа значи многу“, рече стратегот на италијанскиот клуб по големиот триумф над Ливерпул.

Гасперини рече дека Аталанта мора да биде внимателна на реваншот во Бергамо, бидејќи Ливерпул е исклучително силен клуб.

„Секако дека сме среќни што победивме со 3-0, но Ливерпул е исклучително добар тим кој може да постигне гол во секој момент. Во реваншот мора да се браниме на истиот начин како што веќе направивме, но и повторно да напаѓаме на истиот начин“, изјави Гасперини.

Реваншот во Бергамо е на програмата на 18 април. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан