• понеделник, 15 декември 2025

Вучиќ во посета на повредените од Кочани кои се на лекување во УКЦ на Србија

Вучиќ во посета на повредените од Кочани кои се на лекување во УКЦ на Србија

Белград, 17 март 2025 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ги посети повредените во пожарот во дискотека во Кочани кои се сместени во Универзитетскиот клинички центар на Србија, јави МИА од Белград.
Заедно со Вучиќ беа и министерот за здравство на Србија, Златибор Лоначар, како и директорката на Универзитетскиот клинички центар на Србија, Јелена Друловиќ.

Во Србија синоќа пристигнаа 17 повредени во пожарот во Кочани. Армијата на Србија испрати попладнево уште еден авион што ќе транспортира уште 12 повредени. .

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар претходно денеска изјави дека 17 пациенти од Кочани се наоѓаат во четири здравствени домови во Србија - Клиничкиот центар на Србија, Воената медицинска академија, Воената болница во Ниш и Клиничкиот центар Ниш. зш/

Фото: МИА

Остани поврзан