• четврток, 20 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Вучевиќ: Се што Србија може да направи за Северна Македонија, ќе направи

Вучевиќ: Се што Србија може да направи за Северна Македонија, ќе направи

Белград, 19 март 2025 (МИА) - Во изјава за белградски медиуми, српскиот премиер Милош Вучевиќ се осврна и на трагедијата во Кочани, истакнувајќи дека најважно е повредените да закрепнат, јави дописникот на МИА од Белград.

-Србија ја понуди сета можна помош и горд сум на тоа како се грижевме за повредените. Војската на Србија и Министерството за одбрана транспортот го организираа на професионален начин. Се надевам дека македонското општество ќе има сила да ја надмине оваа голгота. Раните се уште се жешки. Вчера разговарав со премиерот на Северна Македонија, тие имаат план да ги изведат сите одговорни пред лицето на правдата. Ако го броиме починатиот возач на брза помош, тоа е 60-та жртва. Се што Србија може да направи за Северна Македонија, ќе направи“, додаде тој. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан