• вторник, 26 ноември 2024

Врховниот суд на САД ја одложи важноста на закон од Тексас за апсење на имигрантите

Врховниот суд на САД ја одложи важноста на закон од Тексас за апсење на имигрантите

Вашингтон, 5 март 2024 (МИА) - Врховниот суд на САД донесе одлука за привремено одлагање од најмалку една недела на одлука на федерален апелациски суд кој го одбрани новиот закон на Тексас.

Одлуката дојде откако Министерството за правда на САД синоќа испрати итен допис до Врховниот суд со барање да се блокира новиот закон на Тексас според кој полицијата има надлежнаост да задржува нелегални имигранти.

Итното барање дојде откако апелацискиот суд викендов ја укина одлуката на окружниот судија Дејвид Ери што го укина законот потпишан од републиканецотот Грег Абот. Гувернерот на Тексас во текот на неколку месеци ги затегна мерките на границата опипувајќи колку далеку може да отиде со мерките за задржување на имигрантите кои нелегално влегуваат во земјата.

Во своето обраќање Министерството за правда кажа дека законот го менува од темел „постоечкиот 150 годишен статус кво меѓу САД и државите во контекст на имиграцијата“.

Се вели и дека законот би имал „значајни негативни последици“ во односите на САД со Мексико и ќе „создаде хаос“ во примената на федералните имиграциски закони во Тексас.

Судијата Ера истакна дека законот го повредува Уставот на САД како врховен правен документ, противречи на федералниот имиграциски закон и може да пречи во односите и договорните обврски на САД.

Според законот на Тексас државната полиција може да ги апси оние за кои постои сомневање дека нелегално влегле во земјата.

По апсењето, задржаните можат да потпишат согасност со наредба од судот да заминат од земјата, или да добијат тужба за сторен мал прекршок нелегален влез во САД. Имигрантите кои не заминуваат од земјата по добивањето на судската наредба можат да бидат повторно задржани но овојпат тужени за посериозен криминал.

Подржувачите на законот велат дека тој не се распространува на оние имигранти кои дошле и веќе живеат во САД две години.

Одлуката на Врховниот суд е уште една епизода од долготрајната правна борба меѓу федералната влада во Вашингтон и републиканските држави како Тексас за тоа кој е надлежен во областа на имиграцијата. кб/мс/

фото: МИА архива

 

Остани поврзан